top of page

ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ ПОИНКЛУЗИВНА, ПОСОЛИДАРНА И ПОЗЕЛЕНА ЗАЕДНИЦА!

Денес, 13.11.2026 година, во ООУ „Васил Главинов“ – Велес, реализиравме активности посветени на инклузијата, тимската работа, меѓусебната поддршка и грижата за животната средина преку Еразмус проект со референтем број 2024-1-ВЕ02-КА210ЅСН-000243653 Преку заеднички спортски и еколошки активности, нашите ученици испратија силна порака дека различностите нè збогатуваат, тимската работа нè обединува, а малите дела можат да направат големи промени. Посебен момент беше дружењето со нашиот гостин, пензионираниот фудбалер Трајче Ковачев, кој на училиштето му подари 100 книги од својата лична колекција. Учениците имаа можност да разговараат со него, да поставуваат прашања за неговата спортска кариера и да научат дека успехот се гради со труд, упорност, почит и тимски дух. Посебна благодарност упатуваме и до нашиот гостин Атанас Крлевски, кој од својата лична колекција ни подари книги со афоризми, збогатувајќи го нашиот училишен книжевен фонд. Неговиот гест е прекрасен пример за дарежливост, споделување знаење и поттикнување на љубовта кон пишаниот збор. Посебна благодарност до З.Г. „Велешките акцијаши“, кои ни помогнаа да го разубавиме нашиот училиштен двор. Заедно со нашите гости и учениците засадивме садници и листопадни дрвца, давајќи заеднички придонес кон позелено, поубаво и поздрава училишна средина. Преку оваа активност ги поттикнуваме еколошката свест, тимската работа и одговорното однесување кон природата, создавајќи зелени практики што треба да станат дел од нашето секојдневие. Заедно садиме дрвја, заедно растеме и создаваме подобра иднина! Со заеднички активности, дружење, учење и грижа за природата покажавме дека инклузијата не е само прифаќање на различностите, туку создавање можности секој да биде вклучен, прифатен и вреднуван. Затоа што секој ученик е важен, секој придонес е значаен, а заедно можеме да создадеме подобра иднина!

Еразмус проектот,,Inclusive education and teamwork: nurturing and accepting differences’’ со референтен број 2024-1-BE02-KA210-SCH-000243653

Нашето училиште ја започнува оваа учебна година како партнер на нови Еразмус проекти. Во акцијата КА 210 Партнерства од мал обем , училиштето е дел од проектот насловен како The power of silence, одобрен од Полската национална агенција за Европски образовни програми и мобилност со број на проект

2026-1-PL01-KA210 SCH-000456889. Координатор на проектот е Primary School No. 11 named after Soldiers of the 1st Kosciuszko Division in Warsaw (Poland) ,

а партнери се:

- 16th INTERCULTURAL PRIMARY SCHOOL OF CHANIA , CRETE, (Greece)

- Comprehensive Institute 19 Santa Croce Verona, (Italy),

- ООУ Васил Главинов , Велес, Северна Македонија

Проектот ќе се реализира во период од 2 години , од 1.09.2026 до 31.08.2028 год. Координатор во нашето училиште е Весна Здравковска

Уште еден значаен успех за нашето училиште и чекор кон подобра иднина за нашите ученици!

Со гордост споделуваме дека нашето училиште е добитник на Erasmus+ грант од Клучна акција KA220, како партнер училиште во проектот: „Основата на животот – Менталното здравје на децата и младите е гаранција за здрава Европа“

Проектот ќе се реализира од ноември 2026 до октомври 2028 година.

Координатор на проектот е Александра Крстовска.

Валоризационата конференција „Од идеи до влијание“, во организација на Националната агенција, се одржа на 22.12.2025 година во хотел DoubleTree by Hilton – Скопје.

На конференцијата беше покането и нашето училиште, како признание за активностите и значајниот придонес во реализацијата на Еразмус+ проектите во изминатите години.

Обука

Во нашето училиште на 16.10.2025 по повод одбележување денови на Еразмус+ ги споделиме досегашните искуства од нашето учество во Еразмус+ проекти, активности, резултати и инспиративни приказни од наставници кои беа дел од мобилности и обуки низ Европа.

Направивме анкета и селекција на новите заинтересирани колеги, го проширивме тимот на Еразмус клубот

Исто така заедно се радуваме за нашата е-Твининг награда благодарение на наставниците кои работеа изминатиов период

Известување

Нашето училиште повторно на мапата на Еразмус проектите со нов трет оваа година , ,,,

Project Title: There Is No Obstacle, There Is Sport (TINOTIS)

Duration: 01.09.2025 – 28.02.2027 (18 months)

Total Budget: €30,000

Coordinating Institution: Tunceli Sports High School (Türkiye)

Partner Institutions:

Tunceli Vocational School for Special Education (Türkiye)

Alexandru Ioan Cuza University (Romania)

Vasil Glavinov Primary School – Veles (North Macedonia)

Сакаме да објавиме уште една убава вест од програмата на Еразмус +:Нашето училиште е добитник на втор проект но сега како партнер - M834 - "Inclusive Education and Teamwork: Nurturing and Accepting Differences" , учесници: Македонија ,Италија и Белгија.

Kоординатор:Весна Николова

Обука и потпишување на доделените грантови од вториот циклус за 2024 год

Во просториите на Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност за прогамата на #ErasmusPlus се одржа обука и официјално се потпишаа доделените грантови од вториот циклус за 2024 год.Среќно во реализацијата на нашиот проект во следниве две години

bottom of page