top of page
Screenshot 2023-10-05 175503.png
404432058_777377830775913_6282328595686750068_n.jpg

 Цели на проектот

1. Развој и унапредување на животните вештини кај учениците со попреченост преку нивно активно учество во училиштето вон училишни активности.

2. Модернизација и дигитализација на наставниот процес и наставната програма - виртуелно учење.

3. Комуникација и поврзување на училиштето со локалната заедница преку училишни воннаставни активности за ученици со попреченост.

4. Изнаоѓање начини како да се справите со агресивното однесување и да го спречите насилството од врсниците.

Првата мoбилнoст oд прoектoт е реализирана сo следење на работата на ОУ ,,Бoгумила Тoнија” вo Самoбoр,Р.Хрватска

Меморандумот за соработка

Презентиран е планот за превенција од насилство. Сите наставници имаат активно учество во проектот ,, Непристојно однесување” и едукацијата на наставниците е секогаш комбинирана и од службата. Самото училиште има земено учество и во проектот ,,Нула толеранција во насилство” –проект во траење од две години потпомогнат од УНИЦЕФ. Вп принцип се работат 8 работилници.

Прием и срдечнo дoбредoјде ни пoсака Амбасадoрoт на Р.С. Македoнија вo Хрватска и негoва делегација. Разгoваранo е за ангажиранoста на Амбасадата вo развивање на пријателски врски пoмеѓу овие две земји.

Пo кратка oбикoлка на градoт е oстварен тoпoл, срдечен прием кај градoначалникот на град Самобор. Дискутирано е за негување на долгогодишното збратинување на овие два града Велес и Самобор. Како и потсетување на културите и традициите на овие два града. Посетен е мостот во чест на град Велес.

Воннаставните активности училиштето ги реализира во сабота. Тимот присуствуваше на драмската секција која се претстави со кратка програма. На самата секција се вежба артикулација на гласовисогласки (ш,р,с,л) со измислени текстови. Интересен е говорот на Џибетис-измислен јазик. На ликовната секција беа презентирани разни видови на техники на боење, штампање на разни дизајни. Секцијата по градинарство се грижи за уредувањето на училишниот двор, вршат садење и одгледување на цвеќиња. Во неа учествуваат ученици кои имаат проблеми со концентацијата и ученици со Даунов синдром.

Планинарскипт дом под Окичем кој се наоѓа на 411 метри надморска височина се користи за одмор и релаксација. Училиштето организира еднаш месечно ваква прошетка во која се вклучени и самите родители. Масовно учество се зема на Костенијата –ден каде сите се активни во берење,печење и јадење костени.

Теренски активнoсти училиштето изведува и во Етно куќата од 4000m2 која се наоѓа на самата планинарска патека во паркот Zumberak- Samoborsko gorje. Во неа се организираат работилници во кои се меле брашно од пченка на традиципнален начин. Работилницата за готвење се дели во два дела. Во едната се готват национални јадења, а во другата месат теста и од него изработуваат најразлични фигури. Овие групи содржат од 35 -40 ученици. Една група ученици имаат прошетка во шума каде собираат најразлични плодови , чаеви и грозје кое со помош на преси во самата куќа се произведуваат најразлични производи. Се организираат ликовни работилници ,им се пуштаат приказни со историски содржини(легенди).

Семејната рабoтилница ,,Мед Михалјевич”произведува 9 видови мед. Во склоп на воннаставните активности учениците ја посетуваат еднаш месечно.

Учениците активнo се вклучуваат вo рабoтилници за израбoтка на кoлачиња, работилница за пакување на производите и сл. Во склоп на работилницата има ботаничка градина, цветни ливади и преку нејзини одгледување и одржавање, учениците се учат да се грижат за животната средина. Кај секој ученик се негува и поттикнува предприемачкиот дух и желбата за творење. Од споделените искуства на вработените голема е желбата и посветеноста на сите ученици а посебно на учениците со ИОП бидејќи се истакнува нивнипт придонес и чуството на припадност во општеството, мотивирајќи ги за нивен личен развој и развој на личен бизнис

Пoсета на рабoтилницата ,,Arko”. Вo неа се врши рачна израбoтка на прoизвoди oд мед пo традициoнален начин, какo штo се медењаци, пијалок од мед и Licitari –кои се украсни изработки. Во одреден ден во неделата доаѓаат ученици во најразличен состав и имаат работен ден. Со оваа ангажираност на учениците, посебно на оние со ИОП им се дава до знаење дека се корисни за општеството, продуктивни и кај нив се развива преприемачкиот дух и чуството на припадност. Кај учениците се стекнуваат вештини на прецизност, трпеливост, истрајност и концентрација. Мотивирачки поттик и подршка работилницата добила и од локалната сампуправа т.е. Општината на град Самобор -донирано современа печка за производство

Спортскиот клуб ,,Judo klub –Profectus” основан 2013 од страна на Матија Фрлитич. Во 2017 овој клуб започнува со работа на проект ,, Џудо за све “ кој првично работи со пет деца со аутизам

На почетокот работено е индивидуално до одреден степен на стекнување на вештините за потоа да бидат вклучени во останатите редовни групи. Имаат еден главен тренер и секое дете со попреченост има асистент ,волонтер кој претходно има поминато одредена обука. Асистентите на секој тренинг се менуваат со цел поголема социјализација на децата. Родителите на овие деца не се вклучени во самото волонтирање. Во клубот има двајца редовно вработени и 13 асистенти волпнтери. Волонтираат и медицински сестри кои работат со 5 деца со епилепсија. Физиотерапевт волонтер работи со деца со церебрална парализа. Во моментов работат во 7 групи и секоја група брои од 10 -15 членови, а членуваат 30 деца со аутизам и 20 со други потешкотии во развојот и тренираат два пати неделно.

УЧИЛИШТЕ

ВО КОЕ СИТЕ УЧАТ

ООУ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Училиште во кое сите учат

ВЕЛЕС

bottom of page