INCLUSIVE EDUCATION: NURTURING AND ACCEPTING DIFFERENCES




Нашето училиште „Васил Главинов“ има за цел да го поттикне развојот на методологии за инклузивно образование, бидејќи сметаме дека на тој начин ќе ја развиеме свеста кај учениците за прифаќање на разликите и нивно негување како израз на автентичност. Оваа потреба произлегува од почетната проценка на потребите, спроведена од страна на вработените во училиштето преку самоевалуација. Оттука, ние ја замислуваме иднината во која нашето училиште ќе претставува средина што е отворена и прифаќачка на сите нивоа – од учениците па сè до наставниот кадар.
Проектот „Inclusive Education: Nurturing and Accepting Differences“ е насочен кон создавање инклузивна образовна средина во која различностите се прифаќаат, почитуваат и вреднуваат.
🎯 Главни цели на проектот:
-
Поттикнување прифаќање на различностите и еднакви можности за сите ученици.
-
Унапредување на компетенциите на наставниците за примена на инклузивни наставни методи.
-
Подигнување на свеста за инклузивното образование во училиштата и пошироката заедница.
📌 Приоритети на Erasmus+:
-
Хоризонтален приоритет: Инклузија и разновидност во сите области на образованието, обуката, младите и спортот.
-
Училишно образование: Развој на клучните компетенции.
-
Теми: Инклузија, промовирање на еднаквоста и недискриминацијата, педагогија
🤝 Преку соработка, размена на искуства и примена на иновативни практики, градиме училиште во кое секое дете е прифатено, почитувано и има можност да напредува.
💙 Различностите нè збогатуваат. Инклузијата нè обединува! Повеќе за овој проект може да добиете на следниов линк :


