top of page

Нашето училиште е официјално еТвининг училиште!

Со голема гордост објавуваме дека ООУ „Васил Главинов“ за првпат ја доби престижната ознака eTwinning училиште! Ова признание е доказ за нашата посветеност на иновативното учење, дигиталната писменост и меѓународната соработка помеѓу учениците и наставниците.

Како eTwinning училиште, добиваме:

Пристап до ексклузивни ресурси за модерно образование

Можност за вмрежување со училишта од цела Европа

Подобрени можности за наставен развој

Проекти за културна размена и соработка меѓу учениците

Горди сме што нашите први eTwinning амбасадори се учениците од II-6 и V-6 одделение!

Браво за сите вредни дечиња, наставници и родители кои го поддржуваат овој чекор кон модерно и квалитетно образование!

доделување на еТвининг

На ден 12.09.2025 година, одделенските наставнички Емилија Несторова и Мирјана Танчева, со голема чест и задоволство присуствуваа на прогласувањето на титулата

е Твининг училиште и на доделувањето на еТвининг плакетите за ова високо признание за периодот 2025–2026.

На свеченото доделување присуствуваа 53 претставници од наградените институции, кои имаа чест да ја подигнат плакетата во име на своето училиште, симбол на нивната улога како водечки примери во воведување иновации, интеркултурна соработка и дигитална писменост.

Присутните најнапред ги поздравија:м-р Ана Михајлов – в.д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анета Здравковска – Советник за еТвининг.

Горди сме што нашето училиште е дел од оваа европска заедница, што со успешна работа и многу национални и европски награди го поставивме училиштето на мапата на најдобрите европски училишта.

Продолжуваме да креираме уште поуспешни еТвининг приказни.

bottom of page