Регионален ЕЛТАМ натпревар


Never stop learning and growing! Вложениот труд, љубовта кон англискиот јазик и посветеноста секогаш носат успеси. На регионалниот ЕЛТАМ натпревар што се одржа на 18.04.2026 година, учениците достојно го претставија нашето училиште и дел од нив се пласираа на државниот натпревар. Им честитаме и им посакуваме уште поголем успех понатаму!
Во рамките на одбележувањето на 100-годишниот јубилеј на Природонаучниот музеј на Македонија, учениците од VIII одделение учествуваа во интерактивната работилница „Мали истражувачи на природата по стапките на д-р Станко Караман“, која се одржа на 17.04.2026 година.
Учениците најпрво се запознаа со животот и делото на д-р Станко Караман, а потоа преку индивидуална работа истражуваа музејски експонати, собираа информации од различни извори и ги бележеа во истражувачки дневник .
Работилницата заврши со успешно презентирање на учениците, кои покажаа љубопитност, ангажираност и истражувачки дух .
Ова искуство им овозможи да ја развиваат љубовта кон науката преку директно набљудување и истражување на минерали, фосили, растенија и животни .
Одговорни наставници: Ленче Јаневска и Катерина Најдов.
15 Април - Ден на командата за обуки и доктрини
Почитувани војници, Ви благодариме што го чувате нашиот мир, ја браните нашата татковина и бдеете будно додека ние спокојно сонуваме.
На ликовниот конкурс
,, Боите на мирот и храброста" по повод
15 Април - Ден на командата за обуки и доктрини, нашите ученички
Емили Банева III - 1 одд.
ментор: Елена Клемова Глорија Стојановска III-2 одд.
ментор: Далиборка Тосева
Теодора Стојкова III-6
го освоија првото место.
На литературниот конкурс
Анастасиа Најдовска III-6 одд
трето место
ментор: Емилија Несторова
Розета М. Андов
Браво девојчиња! Ви посакуваме уште многу успеси во иднина!




Велигденски базар – I-3 одделение
Учениците од I-3 одделение учествуваа на Велигденскиот базар, исполнет со многу радост, смеа и убава песна .
Насмеани детски лица и прекрасна празнична атмосфера која ќе се памети!


Посета на Ботаничка градина
Нашите ученици од IX-4 заедно со својот класен раководител наставничката Весна Николова беа наградени од тимот на МИУ, со работилница која се одржа во Ботаничката градина во Скопје.
Преку интересни и едукативни активности, учениците се запознаа со разновидноста на растителниот свет и ја открија важната улога што растенијата ја имаат во екосистемот. Тие научија како природата функционира како целина и зошто е важно да ја чуваме и заштитуваме животната средина.
Работилницата беше одлична можност за учење преку искуство, развивање на еколошка свест и поттикнување љубов кон природата. Благодарност до здружението ЗГ Попи и тимот на МИУ за можноста да учествуваме во ова необично доживување


Резултати од Регионалниот натпревар по Природни науки




Велигденски активности во II-4 одделение
По повод претстојниот празник Велигден, учениците од II-4 одделение реализираа велигденска еко-работилница .
Преку работа во групи, со материјали за реупотреба, учениците изработуваа креативни велигденски украси, развивајќи ја својата креативност, тимска работа и еколошка свест



Планинарска тура
Горди на нашите ученички Михаела Ангелова II-2 одделение и Јана Ивановски II-4 одделение кои учествуваа на планинарска тура во П. С. З. ,, Козјак"- Прилеп и достојно го претставија нашето училиште и нашиот град!
Со насмевка, другарство и љубов кон природата, тие покажаа колку е убаво да се учи и расте преку активности во природа.
Им честитаме за вложениот труд и прекрасната промоција!


Резултати од регионалниот натпревар по математика




Резултати од регионалниот натпревар по биологија




Ден на шегата
Тематски групни маски продефилираа во нашето училиште и го одбележаа Денот на шегата:
Медузи- III-6 одд.
Одделенски наставници: Емилија Несторова и Розета М. Андов;
Тик Так бонбончиња- IV-4 одд.
Одделенски наставник: Ивона Тодоровска;
Облачиња- IV-6 одд.
Одделенски наставник: Даниела Папазова Бабуновска




Македонски државен електронски натпревар
Горди сме на нашите ученици кои се соочија со предизвикувачките логички задачи и покажаа одлични вештини на седмиот математички државен електронски натпревар ПИ
I - одделение
Никола Радевски - втора награда
Ѓорѓи Стојанов
Михаил Страхилов трета награда
Ментор: Маргарита Евтимова
Дона Синадиновска - втора награда
Анастасија Смилева - трета награда
Ментор: Славица Левкова
Марко Коцев - трета награда
Ментор: Мариела Пановска и Росана Ангелова Мицевска
Ева Костоска - трета награда
Ментор: Славица Мудроња и Матеја Каракачанова
III - одделение
Теодор Темелковски - прва награда
Ментор: Далиборка Тосева
Михаела Мајсторска - втора награда
Ментор: Катерина Стојкова
Марио Ѓелев - пофалница
Натан Иванов - учество
Ментор: Елена Клемова
V - одделение
Дамјан Саздовски - втора награда
Славчо Мајсторски - втора награда
Филип Марковски трета награда
Ментор: Евица Кимова
Михаил Нанев - трета награда
Ментор: Лорета Рушкова
Андреј Стојанов - втора награда
Ментор: Катерина Ѓорѓиева.


Регионални натпревари по женска одбојка
На регионалните натпревари во женска одбојка кој се одржа во Пробиштип, нашето училиште ООУ „Васил Главинов“ освои 3 то место.
Со една победа против екипата од Делчево и еден пораз од екипата на Штип.
Честитки за учениците и нивниот успех, како и благодарност до сите кои дадоа поддршка!


Светски ден на водата
Активности на II4 одд. по повод светскиот ден на водата. Работилница со активности за едукација на учениците за важноста и значењето на водата во животната средина!


Регионален натпревар по кошарка
Кошаркарската екипа на ООУ „Васил Главинов“ со одлична игра и победа на регионалниот натпревар обезбеди пласман на ДРЖАВНОТО училишно првенство!
Овој успех е уште позначаен бидејќи по подолго време и повеќе години, нашата екипа повторно се пласира на државно ниво .
Честитки до сите ученици за борбеноста и тимската игра, како и до нивниот ментор Ангел Љутков за посветената работа!
Браво дечки – ви посакуваме уште поголеми успеси!


Регионален натпревар во машка одбојка
На регионалниот натпревар во машка одбојка кој се одржа во Штип, нашето училиште ООУ „Васил Главинов“ оствари одличен успех!
Со една убедлива победа против екипата од Куманово и еден пораз од Пробиштип, нашите ученици со голема борбеност, тимска игра и спортски дух заслужено го освоија второто место.
Горди сме на нивната посветеност и залагање!
Честитки за учениците и нивниот успех, како и благодарност до сите кои дадоа поддршка!


Државен натпревар по германски јазик
Ученикот Стефан Трајков од VI-2 одделение на државниот натпревар по германски јазик, што се одржа во Прилеп на 14.03.2026 година, освои втора награда , под менторство на наставничката Тања Николова.
Му честитаме на Стефан за овој одличен успех и му посакуваме уште многу награди, успеси и радосни моменти во иднина!


