top of page
404432058_777377830775913_6282328595686750068_n.jpg

 

Добредојдовте

општинско основно училиште

                „Васил Главинов“ во Велес

 

              

    Училиштето е основано од Општина Велес од 23.10.1955, верифицирано е со Решение бр.10-942/3 од 8.06.1994 г на Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија.

       Училиштето е регистрирано во Централниот регистер со решение бр.4025563 од 26.01.2007 год. Општинското основно училиште “Васил Главинов” воспитно - образовната работа ја организира и реализира во еден матичен објект и 2 подрачни училишта - с. Раштани и Објект 2 (населба Превалец)

     Матичниот објект се наоѓа на улица „Никола Карев” бр 2. Објектот е граден етапно, постариот дел е изграден 1960 г., а поновиот 1971 год. 

    

    Училиштето својата улога и обврски ги остварува во опкружување кое ја развива мотивацијата за стекнување знаења, која ја почитува и поддржува индивидуалноста на секој ученик, како и неговиот културен и национален идентитет, јазик. Редовно се следи образовниот напредок на учениците, со што се овозможува образование кое одговара на потребите и можностите на учениците.

     Во своето 58 годишно постоење, ООУ „Васил Главинов“ - Велес има постигнати многу резултати и успеси. Големиот број на освоени награди од страна на учениците на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари исто така имаат свој допринос во афирмација на Општината.— Училиштето е носител на највисокото општинско признание Спомен Плакета „9 ти Ноември”.

 

       Велес е град во Македонија и центар на истоимената општина. Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар.

Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од

53.716 жители.

       Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу    користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Вила Зора од каде потекнува и денешниот назив Велес. Подоцна градот се преименувал со името Ќупурли.

      Градот е карактеритичен по својата типична велешка и староградска архитектура. Велес е  културен центар на Македонија и значаен трговски, транспортен и економски центар.

 

 

Корисни линкови

bottom of page