top of page

За нашиот патрон

        Во плеадата заслужни личности, кои со својата  политичко-општествена активност и борба оставија неизбришливи траги во националната историја на македонскиот народ, спаѓа и Васил Главинов, првиот организатор на социјалистичката пропаганда и

работничкото движење во  Македонија.

        Васил Главинов е роден во Велес 1869год. Основното

образование го добил во училиштето на нашиот преродбенски

деец Ј.Х.Џинот. Немајќи средства за школување тој завршил

столарски занает.

   Неговото сфаќање за образување на јадро за  посистематска пропаганда на социјалистичките идеи меѓу македонските работници дојде до израз во неговиот обид 1893 год. да создаде македонска социјалистичка организација во Софија. Оваа позитивна иницијатива била поддржувана од неговите истомисленици В.Марков, Д..Мирасчиев, С.Стојанов, А.Шулев, А.Раздолов, Г.Дрндаров и др. Главинов бил принуден да отстапи поради отпорот од страна на бугарските социјалисти кои го прогласиле за „сепаратист”. 

Васил Главинов потоа веднаш преминал кон практична дејност и за време на својот престој во родниот град го основа во 1894 год. првото работничко просветно дрштво. Во ова друштво, воедно била и првата работничка и социјалистичка асоцијација, што послужила како важен пункт за ширење на социјалистичката пропаганда, биле зачленети окулу 65 членови. Социјалистичката литература, што ја донел Васил Главинов, и неговата усна агитација одиграла решавачка улога за придобивање на повеке млади работници и интелектуалци од Велес за праведна борба на пролетаријатот и за делото на социјализамот.

    По своето враќање во Софија Главинов со голем елан и упорност присапил кон консолидирање  и натамошно организирано зацврсување на македонската работничка група. Истовремено поставил канали преку кој неговата група започнала посистемски да испраќа пропаганден социјалистички материјал во Македонија. Во овој период на Македонската работничка група и укажале значителна помош некои од идните идеолози и предводници на македонското национално-ослободително движење. Дрводелсакта работилница и таванската работилница на Главинов, каде што била устроена „ комуната” на  македонската  работничка група станала собиралиште на прогреисвните и ревилуционерно задоените Македонци во Бугарија.

     Најсвесните претставници на младото македноско движење, Васил Главинов и неговите истомисленици, правилно сватиле дека ќе работеле за социјалниот прогрес и вистинските интереси на македонскиот народ ако се дале во систематска агитација и конкретна револуционерна активност во полза на делото за социјално и национално ослободување на својата поробена татковина. Весникот „Револуција” , што во 1895 год. бил покренат од В. Главинов со Македонската работничка група во Софија, како прво македонско социјалистичко гласило, претставувал реализација и манифестација на таквите нивни сваќања.

     Васил  Главинов во текот на својот живот активно работел за извојување слобода и рамноправност на Македонија во рамките на една федеративна република на Балканот. Тој умрел во 1929 год., недочекувајќи го остварувањето на идеалите во кои ја наоѓал смислата на својот живот.

 

404432058_777377830775913_6282328595686750068_n.jpg

УЧИЛИШТЕ

ВО КОЕ СИТЕ УЧАТ

ООУ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Училиште во кое сите учат

ВЕЛЕС

bottom of page