top of page
ПРАВИЛНИК ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО И УЧИЛИШНИОТ ДВОР
Целта на овој Правилник е поддршка на здрава и безбедна средина на учениците во текот на наставата, во училишната зграда и училишен двор
1.1 Однесување на ученикот во училница
-
Влегува навреме по звукот на ѕвончето
-
Носи пристојна облека препознатлива за училиштето по што не се издвојува од другите соученици
-
Се грижи за личната и хигиената во училницата и дговорно се однесува кон целокупниот инвертар во училницата и холовите
-
Се грижи за нагледните средства и компјутерска технологија
-
Не смее да внесува цигари,алкохолни пијалоци,остри предмети и сл
-
Го почитува кодексот на однесување
1.2 Однесување на ученикот на часот
-
Со своето совесно и коректно однесување придонесува за дисциплината на часот
-
За време на писмени работи, тестови, испити се однесува коректно и чесно
-
Носи потребен прибор и материјали за пoтполна подготвеност на часот
-
Има слобода во изразувањето беа притоа да ја повреди личноста на наставникот и на своите соученици
-
Не вклучува и користи мобилен телефон или уреди со слична технологија
-
Коректно и одговорно се однесува кон личноста на наставникот и своите соученици
1.3 Однесување во училишниот двор и училишната зграда (холот, тоалетите) нa ученикот:
-
Совесно и одговорно се однесува кон училишниот имот и материјалните добра во и надвор од него (не уништува, не крши, не испишува графити или натписи со слични содржини)
-
Достоинствено и пристојно се однесува кон другите ученици и персоналот на училиштето
-
Внимава и се грижи за личната и хигиената на училиштето,и училишниот двор, фрла отпадоци на определено место
-
Се движи по дефинирани патеки и седи на места предвидени за тоа
-
Се грижи за зеленилото во дворот
-
Не консумира и не поседува алкохол, цигари и други наркотични и токсични супстанци
-
Креира пријатна училишна атмосфера со својот говор, држење и однесување
-
Не поседува предмети и супстанци кои можат да ја загрозат личната и безбедноста на другите лица
-
Навреме доаѓа в училиште
-
Коректно и непристрасно пријавува инциденти или насилства до лица од училишниот персонал
-
Не применува психичко, физичко и вербално насилство врз други лица
-
Ја почитува приватната сопственост и сопственоста на другите (не краде и не поседува туѓи предмети)
-
Има слобода во изразувањето без притоа да ја повреди сопствената и туѓа личност
-
Несебично помага на лица со инвалидитет или со посебни потреби.
1.4 Однесување на ученикот во училница со компјутери
-
Седи на место предвидено за него (реден бр. или по др. редослед)
-
Користи компјутер само со дозвола на наставникот и по завршеток на работата го исклучува
-
Совесно и одговорно се однесува кон компјутерите, опремата и при работа на неговиот компјутер
-
Се грижи за исправноста на опремата и сите проблеми ги пријавува кај наставникот
-
Користи Интернет само за потребите на наставата и со дозвола на наставникот
-
Не снима, игра или врши други активности кои ја попречуваат работата на часот
-
Лично е одговорен за сите податоци кои ги остава на прелистуваните ВЕБ страни
-
Не презема самоиницијативно поправка на дефекти на опремата (само со дозвола на одговорното лице)
1.5 Однесување на ученикот во лабораторија (кабинет по хемија,физика или биологија) ученикот:
-
Внимава на целокупната опрема во лабораторијата
-
Нема пристап до супстанци, уреди или др. апаратура без дозвола на наставникот
-
Се грижи за хигиената во лабораторијата и по завршеток на активностите го средува работното место
-
Не користи запалки и друг вид запаливи и токсични материјали
-
Внимателно го истура отпадот на места предвидени, според стандарди, за тоа,
-
Внимателно следи инструкции од наставникот за време на експериментирање во училницата
1.6 Правилник за однесување на ученикот во соблекувалната, спортска сала и спортски терени
-
Носи спортска облека (дрес,тренерки,патики..) назначена од наставникот
-
Во соблекувалната се соблекува и облекува и таму ги остава своите работи за време на часот
-
Одговорен е за безбедностна на своите и туѓи работи оставени во соблекувалната додека е во сала
-
Во сала или на спортските терени влегува исклучиво со спортска опрема
-
Внимава на спортските реквизити и целокупната опрема во салата и на терените
-
При повреда го известува одговорниот наставник
-
Часот завршува кога наставникот ќе соопшти дека истиот завршил
-
Коректно и спортски се однесува за време на натпреварите или друг вид спортски игри
-
Се грижи за личната и хигиената во салат и соблекувалната
1.7 Во училишната библиотека ученикот:
-
Се зачленува во библиотеката за да позајмува потребна литература
-
Зема книги и друг материјал само со потпис од одговорното лице-библиотекар
-
Во предвидениот рок ја враќа земената литература на одговорното лице
-
Совесно и одговорно се однесува кон земениот материјал (не го уништива, не шкрта..)
bottom of page