
eTwinning проектот Earth is our home/ Zemja je nas zajednicki dom се одвиваше од октомври, 2024 до мај, 2025 година.
Проектот беше осмислен во насока да ги мотивира учениците одговорно да се однесуваат кон природата и живиот свет околу нив. Да разберат дека Земјата е наш заеднички дом и дека сите треба да се грижиме за неа и да бидеме совесни граѓани.
Проектот беше од областа на екологијата, религијата, уметноста, граѓанското образование и животни вештини.
Учествуваа 88 наставници и уште поголем број ученици и тоа: 46 од Хрватска, 7 од Романија, 7 од Италија, 6 од Грција, 5 од Македонија, 4 од Турција, 2 од Словачка, 1 од Латвија, 1 од Франција и 1 од Грузија.
Од нашето училиште учествуваа наставничките Емилија Несторова со учениците од II-6 одд. и Мирјана Танчева со учениците од V-6 одд.
И двете се наградени со National Quality Label!



Националната агенција за Европски образовни програми, за eTwinning проектот Live with skills, rise with success, додели National Quality Labels на наставничките од нашето училиште кои учествуваа во овој проект:
- Емилија Несторова и II-6 одделение;
- Катерина Ѓорѓиева и III-1 одделение;
- Мирјана Танчева и V- 6 одделение;
Во проектот учествуваа 19 наставници од 4 земји: Македонија, Турција, Тунис и Јордан. Проектот беше за поттикнување знаења и вештини кај ученици од 7 до 11 години од повеќе области и тоа: животни вештини музичка и ликовна уметност, природни науки, екологија и работа со компјутер.




