top of page

“Инклузија – наша визија каде сите разлики се еднакви”

        Нашето училиште ООУ” Васил Главинов” Велес беше добитник на гранд во програмата на Националната агенција за мобилност и образовни програми за 2019/20 год. со наслов:

                                           “Инклузија – наша визија каде сите разлики се еднакви”.

        Идејата потекнува од потребите на училиштето за подобрување на квалитетот на реализација на наставната програма, подобрување на образовната компонента, работните услови во училиштето, квалитетот на креирање на училишната политика и зајакнување на соработката со други училишта од Европската унија и регионот во однос на релевантни теми во подобрување на образовниот процес. За таа цел ја одбравме програмата КА1 - Учење преку индивидуални мобилности и преку платформата на еТвининг, ЕАСЕА и други училишни платформи и воспоставивме соработка со две училишта со кои разменивме идеи, а подоцна потпишавме и договор за реализација. Целата таа идеја ја ставивме на хартија, добро ја уредивме, аплициравме и го добивме проектот .

        Група наставници имаа за цел да го видат сето она кое што го замисливме на терен во Петто основно училиште Христо Ботев – Ќустендил, Р. Бугарија. Топло бевме пречекани од домаќините на училиштето и уште на самиот почеток преку видео презентации ги истакнавме нашите можности, активности и достигнувања. Секако за соработка предходно беше потпишан меморандум помеѓу училиштата преку нивните претставници директорот Сашко Чоков и директорката Искра Владимирова.

404432058_777377830775913_6282328595686750068_n.jpg
290908157_193170576375235_1424779677291300906_n.jpg

             Во период од 10 дена набљудувавме, учевме и споделувавме искуства секој во својата област, одделенска, предметна настава , стручна служба и менанџмент. Обсервиравме што е иновативно училиште, како се станува поактивен во однос на аплицирање за нови проекти. Училиштето голем акцент става на активности и проекти од областа на природните науки, детектирање на талентираните ученици, индивидуална работа, формирање на лабораторија за подготовка на експерименти кои се дел од наставната програма и се користат за најразлични проекти. По часот на интереси беа демонстрирани неколку експерименти од предходни проекти, а асистенти на наставниците се талентирани ученици од повисоките одделенија. Во градот Ќустендил има центар кој работи со талентираните ученици од сите училишта од регионот. Доколку пак некој ученик се истакнува многу повеќе од останатите, неговото знаење се надградува во образовниот центар во Софија.

          Самиот образовен систем создал механизам кој ќе ги поттикне и награди овие ученици. Имено доколку некој ученик постигне врвни резултати и освои награда на Државно и Меѓународно ниво тогаш тие ученици не полагаат приемен испит за соодветно високо образование и истите добиваат стипендии. Општината на град Ќустендил дава еднократна стипендија на талентираните ученици кои се наоѓаат на листата на нивнто министерство за образвание.

           Посетивме и други институции како што е ресурсниот центар – Центар за поддршка на инклузивна едукација, градската библиотека, уметничката галерија “Владимир Димитров”, тврдината Хисерлак , Културниот образовен центар , Дневниот грижен центар за деца со посебни потреби. Го посетивме и Благоевград каде домаќините ни ги претставија културните и историските споменици.

           Организиравме Македонско – Бугарска вечер ,поделивме сертификати за учество и уживавме со прекрасните домаќини и договоривме продолжување на соработката.

           Стекнатите искуства на втората мобилност во Основното училиште „Тенја“, во Осјек, Р.Хрватска, од училишниот тим, директорката Драженка Шебек и координаторот Тихомир Јуричиќ педагог во училиштето, на професорите и директотот Чоков од ООУ „Васил Главинов“ биле несебично споделените искуства за инклузијата , работата со талентирани и надарени ученици, новите методи на работа и користењето на компјутерската техника во реализирање на образовните цели. -Вложувањето во образовниот процес таму е огромна придобивка на држвата, Република Хрватска, за кое можевме да се увериме сами.

Нашето работно патување продолжи во центарт за раст и развој на децата со посебни потреби „Иван Штарк”, каде ја запознавме директорката Едит Лемал која ни го објасни целиот систем на функционирање и залагање за подобар живот на лицата со посебни потреби како и на Центарот за одличности Осјек ( CIO) каде со др Жељко Рачки научник во областа на нашиот интерес успеавме да ја разрешиме дилемата на категоризирање на талентираните од надарените деца.

На крајот од проектот, преку подготвена презентација што беше составен дел од дводневна работилница во Хотел „Интернационал Палас“ наставниците и раководителите на ООУ „Васил Главинов“ на колегите од другите основни и средни училишта , невладиниот сектор, Државен просветен инспекторатот , Биро за развој , ПОУ „Маца Овчарова“ и други стручни соработници ги запознаа со голем број стекнати искуства за работа во сенка или JOB Shadowing.

            Проектот „Работа во сенка или JOB Shadowing “ се реализира од 01јуни 2019 до крајот на месец ноември, годинава со вкупен буџетот од 33.150 евра . Најголемиот резултат, според искуството на наставниците и директорот, на ова велешко училиште, се разменетите искуства и добри практики како и  воспоставената тесна соработка со две училишта од регионот која ќе овозможи подготвување на заеднички проекти и за други меѓународни повици

Координатор на проектот: Весна Николова, наставник по физичко и здравствено образование при ООУ Васил Главинов, Велес.

УЧИЛИШТЕ

ВО КОЕ СИТЕ УЧАТ

ООУ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Училиште во кое сите учат

ВЕЛЕС

bottom of page