top of page

Меѓународен фестивал за детско творештво

На Меѓународниот фестивал за детско творештво "Сакам да бидам дете", кој се одржа во Крагуевац, Република Србија, ученикот Натан Иванов од IV 1 одделение беше поканет од организаторот и присуствуваше на настанот.

Натан ја збогати програмата на фестивалот со поетско читање на својата стихотворба "Моето село", претставувајќи го достојно нашето училиште и нашиот град.

Во конкуренција со деца од седум држави, Натан Иванов го освои 2 место во категорија од прво до четврто одделение, под менторство на наставничката Елена Клемова.

Литературен и ликовен конкурс

По повод Европската недела на мобилност, од страна на Општина Велес беше распишан ликовен и литературен конкурс на тема ,,Заштита на животната средина со помалку употреба на автомобили, употреба на велосипеди се со цел да ја заштитиме животната средина”.

Најуспешни и наградени од нашето училиште беа:

Сара Тодороска VII-5 одд.- прва награда на литературен конкурс ;

Ментор: Каролина Попова и

Оливер Тодоров IV-6 одд.- трета награда на литературниот конкурс

Ментор: Емилија Нестотова;

Преку своите цртежи и творечки вештини, учениците испратија прекрасни пораки за почист, побезбеден и поубав свет, со повеќе движење и грижа за животната средина.

Меѓународен ден на мирот

Учениците од II-3 одделение, заедно со своите наставнички Мариела Анастасовска и Росана Мицевска, го одбележаа Меѓународниот ден на мирот под мотото „Мирот е во нашите раце“.

Преку своите активности, учениците испратија порака за важноста на мирот, почитувањето, другарството и меѓусебното разбирање.

Европска недела на мобилност

Во рамки на активностите по повод Европската недела на мобилност, учениците од нашето училиште, заедно со своите наставници, учествуваа на велосипедската тура под мотото „Возиме со велосипеди – за зелена иднина“.

Со голем ентузијазам и позитивна енергија, учениците испратија порака за значењето на активното движење, здравите животни навики и грижата за животната средина. Особено не радува што нашето училиште беше меѓу најбројните учесници, со голем број ученици вклучени во велосипедската тура.

Горди сме на нашите ученици кои со своето учество покажаа дека заедно можеме да придонесеме за поздраво и позелено утре

8 Септември – Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста

преку изработка на заедничкиот колаж-хамер и со сопствено изработени знаменца во рацете, учениците од II-5 одд. се запознаа со значењето на државните симболи, љубовта кон татковината и важноста на заедништвото.

bottom of page