Регионален ЕЛТАМ натпревар


Never stop learning and growing! Вложениот труд, љубовта кон англискиот јазик и посветеноста секогаш носат успеси. На регионалниот ЕЛТАМ натпревар што се одржа на 18.04.2026 година, учениците достојно го претставија нашето училиште и дел од нив се пласираа на државниот натпревар. Им честитаме и им посакуваме уште поголем успех понатаму!
Во рамките на одбележувањето на 100-годишниот јубилеј на Природонаучниот музеј на Македонија, учениците од VIII одделение учествуваа во интерактивната работилница „Мали истражувачи на природата по стапките на д-р Станко Караман“, која се одржа на 17.04.2026 година.
Учениците најпрво се запознаа со животот и делото на д-р Станко Караман, а потоа преку индивидуална работа истражуваа музејски експонати, собираа информации од различни извори и ги бележеа во истражувачки дневник .
Работилницата заврши со успешно презентирање на учениците, кои покажаа љубопитност, ангажираност и истражувачки дух .
Ова искуство им овозможи да ја развиваат љубовта кон науката преку директно набљудување и истражување на минерали, фосили, растенија и животни .
Одговорни наставници: Ленче Јаневска и Катерина Најдов.
15 Април - Ден на командата за обуки и доктрини
Почитувани војници, Ви благодариме што го чувате нашиот мир, ја браните нашата татковина и бдеете будно додека ние спокојно сонуваме.
На ликовниот конкурс
,, Боите на мирот и храброста" по повод
15 Април - Ден на командата за обуки и доктрини, нашите ученички
Емили Банева III - 1 одд.
ментор: Елена Клемова Глорија Стојановска III-2 одд.
ментор: Далиборка Тосева
Теодора Стојкова III-6
го освоија првото место.
На литературниот конкурс
Анастасиа Најдовска III-6 одд
трето место
ментор: Емилија Несторова
Розета М. Андов
Браво девојчиња! Ви посакуваме уште многу успеси во иднина!




Велигденски базар – I-3 одделение
Учениците од I-3 одделение учествуваа на Велигденскиот базар, исполнет со многу радост, смеа и убава песна .
Насмеани детски лица и прекрасна празнична атмосфера која ќе се памети!


