
Рецитат орски натпревар
Рецитаторски натпревар по повод Патрониот празник на ООУ „Васил Главинов“!
Во чест на нашиот патрон, се одржа рецитаторски натпревар за учениците од основните и средни училишта од нашиот град. Рецитаторите под менторство на своите предметни наставници, ја рецитираа поезијата на Рацин, Неделковски и Шопов, внесувајќи емоции во секој стих.
Жири-комисијата, составена од наставниците по македонски јазик, Каролина Попова , Бојанка Џипунова-Ташова и Билјана Липидовска ги доделија следниве награди:
Основно образование
1 НАГРАДА – Сара Кајтази ООУ „Рајко Жинзифов“
Ментор: Анита Мечкаровска
2 НАГРАДА – Анѓела Маџарова ООУ „Св.Кирил и Методиј“
Ментор: Стојна Тодоровска
3 НАГРАДА – Стефани Штипјанова ООУ „Васил Главинов “
Ментор: Елена Гуновска
Средно образование
1 НАГРАДА – Лана Басаров СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
Ментор: Јовица Темов
2 НАГРАДА – Димитар Кузманов СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
Ментор: Јовица Темов
Честитки за сите ученици-учесници за нивниот труд и талент!


15- ти Април - Денот на Командата за обука и докторини
По повод одбележувањето на 15-ти Април – „Денот на Командата за обука и доктрини“, нашите ученици од VIII одделение беа дел од незаборавно искуство!
Се одржа Отворен ден за граѓаните со посета на касарната во Велес, каде беше оджана презентација на вежби со службени кучиња и беше прикажана воената опрема и активностите на припадниците на Армијата.
Едукативно и инспиративно доживување за сите присутни!
Им благодариме на припадниците на Армијата за гостопримството и можноста нашите ученици да се запознаат со нивната херојска мисија!


Регионален натпревар по Англиски јазик
“Education is the foundation upon which we build our future”
На 12 април во нашето училиште се одржа регионален натпревар по англиски јазик , на кој нашите ученици покажаа одлични резултати и обезбедија пласман на државен натпревар!
Им честитаме и им посакуваме многу успех понатаму!
Congratulations and best of luck our students, we are proud of you




Регионален натпревар по Математика




Регионалниот натпревар по Географија
На 05.04.2025 година (сабота), учениците од ООУ „Васил Главинов“ – Велес учествуваа на регионалниот натпревар по Географија, организиран од ЗПГМ „Проф. Др. Љубе Миленковски“, Скопје.
Под менторство на нашите посветени наставници по географија: Ленче Петрушевска и
Никола Божиков,
учениците постигнаа одлични резултати и обезбедија учество на државниот натпревар!
IX одделение:
Сара Ќимова – прво место (ментор: Никола Божиков)
VIII одделение:
Христијан Илиевски – прво место
Давид Гичев – пласман на државен натпревар
(ментор: Ленче Петрушевска)
VII одделение:
Исидора Николовска – второ место
Ања Бабуновска – трето место
(ментор: Никола Божиков)
Резултати од регионалниот натпревар по природни науки!




7-ми Април – Светскиот ден на здравјето
Прво место за нашите ученици на натпревар по повод Светскиот ден на здравјето!
По повод 7-ми Април – Светскиот ден на здравјето, нашето училиште учествуваше на натпревар во ССОУ „Димитрија Чуповски“ на тема:
„Соработувај со природата за здравје“.
Нашиот тим, составен од учениците:
Даниела Теова
Мартина Ристовска
Изабела Димков
Кристина Штерјовска
од IX-4 одделение, под менторство на Ленче Јаневска, се претстави со одлична и инспиративна презентација на тема:
„Природата е најдобриот лекар – лековити растенија од Велешкиот регион“ и го освоија ПРВОТО МЕСТО!
Браво за трудот, креативноста и посветеноста! Честитки до учениците и менторот за овој одличен успех!


Светски ден на свесноста за аутизмот
На 2 април го одбележуваме Светскиот ден на свесноста за аутизмот – ден кога се потсетуваме на важноста од прифаќање, разбирање и поддршка.
По тој повод, ученици од нашето училиште учествуваа на работилница „Аутизам: спектар на бесконечни можности“, во организација на Здружение на граѓани ПОПИ, каде што се зборуваше за потенцијалот, креативноста и уникатноста на лицата од спектарот.


Резултати од регионалниот натпревар по биологија!




Општински натпревар по англиски јазик



Регионален натпревар по математика
ДЕНЕС БЕВМЕ ГОРДИ ДОМАЌИНИ НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА!
Денешниот ден во ООУ „Васил Главинов“ – Велес беше исполнет со возбуда, знаење и математички предизвици!
Имавме чест да бидеме домаќини на 181 натпреварувач од регионот Велес, Свети Николе, Богомила, Градско, Лозово, Чашка и Извор – заедно со нивните посветени ментори!
Ученици од 4то до 9то одделение ги покажаа своите вештини во светот на бројките, формулите и логиката!
Огромна благодарност до сите ученици кои со својата љубов кон математиката го направија овој ден посебен!
Благодарност до нивните ментори, кои секојдневно вложуваат труд и посветеност во нивниот успех!
Посебна благодарност до нашите тестатори – колеги наставници од ООУ „Васил Главинов“, кои со својата професионалност и посветеност го направија натпреварот успешен и фер за сите учесници!
Вашата енергија, труд и знаење се доказ дека математиката не е само бројки – туку логика, упорност и љубов кон науката!


„Демонстрација на својства на функции со примена на динамички софтвер“
Средното училиште „Коле Неделковски“ денес беше домаќин на настан посветен на Денот на бројот π, каде што се одржа предавање на тема: „Демонстрација на својства на функции со примена на динамички софтвер“.
Предавач беше професор д-р Зоран Трифунов.
Наши ученици од 9 одделение имаа можност да се запознаат со значењето на бројот π во математиката и неговата примена во различни научни и технички области.


Меѓународниот ден на Пи (π) – 3.14
Денес, 14-ти март, во нашето училиште го прославивме Меѓународниот ден на Пи (π) – 3.14, симболот на математичката бесконечност!
Учениците и наставниците се вклучија во креативни и едукативни активности:
Математички натпревари – забавни квизови и задачи поврзани со бројот π.
Уметност и Пи – учениците создаваа постери, цртежи и изработки инспирирани од оваа магична константа.
Пи преку забава – играа мемориски игри, рецитираа децимали од бројот π и уживаа во математички предизвици!
Овој ден беше вистинска можност за учениците да ја почувствуваат убавината на математиката и нејзината примена во секојдневниот живот.


Рецитаторски натпревар
Во чест на нашиот патрон, во училиштето се одржа рецитаторски натпревар за учениците од V одделение. Малите рецитатори, под менторство на своите одделенски наставници, ја оживеаја поезијата на Рацин, Конески, Миладинов и Шопов, внесувајќи емоции и страст во секој стих.
Жири-комисијата, составена од наставниците по македонски јазик, Каролина Попова и Бојанка Џипунова-Ташова, ги додели следниве награди:
1 НАГРАДА – Михаела Андреев
Ментор: Лилјана Миланова
2 НАГРАДА – Баже Петковски
Ментор: Анита Ѓошева
3 НАГРАДА – Стефан Стојанов
Ментор: Анита Ѓошева


Спортски игри
По повод патрониот празник на нашето училиште ООУ „Васил Главинов“, учениците од II и IV одделение од подрачното училиште во Превалец активно се вклучија во спортските игри, покажувајќи тимски дух и спортска почит!
Наставничката Мартина Далевска и наставникот Александар Табаков на часовите по физичко образование организираа забавни игри со натпреварувачки карактер и фер-плеј, носејќи многу радост и позитивна енергија меѓу учениците!


По повод патрониот празник на нашето училиште ,,ООУ Васил Главинов", учениците од IV одделение активно се вклучија во спортските игри, покажувајќи тимски дух и фер-плеј!
Во духот на родова еднаквост во спортот, се одигра возбудлив натпревар во мини ракомет, каде што сите учесници покажаа одлични спортски вештини и почит кон противникот.
Наставничката Мартина Далевска и наставникот Александар Табаков успешно ги применија стекнатите знаења од семинарот за дискриминација во спортот, претворајќи ги во пракса.
Спортски игри


Нашето училиште на семинар за борба против дискриминацијата во спортот!
Во организација на Македонскиот Олимписки Комитет, нашето училиште имаше чест да учествува на семинар за дискриминација во спортот, каде што се дискутираше за важноста на борбата против сите облици на дискриминација и промовирањето на инклузивноста.
Наши претставници на овој значаен настан, кој се одржа на 5 и 6 март во хотел Панорамика, Скопје, беа:
Мартина Далева
Александар Табаков
Васко Бојчев (тандем наставник)
Голема благодарност до нашите колеги за нивниот придонес во унапредувањето на фер-плејот и спортската етика!


Започна чествувањето на нашиот патрон Васил Главинов!
Со спортски дух и одлична атмосфера, го одбележавме почетокот на патронатот со спортски игри во кошарка и одбојка (машка и женска), проследени со фер навивање од верната публика!
Голема благодарност до колегите од нашето училиште и ООУ „Блаже Конески“ за нивниот придонес во реализацијата на овие натпревари.








По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ распишаа поетски литературен конкурс на тема „Силата на мајчиното срце“.
Нашите талентирани ученички постигнаа одлични резултати:
Категорија 5-7 одделение:
Лина Пановски (VI одд.) – Втора награда
Ментор: Билјана Лепидовска
Категорија 8-9 одделение:
Даниела Теова (IX одд.) – Втора награда
Ментор: Каролина Попова


Резултати од Општинскиот натпревар по Географија!
На 22.02.2025 г. (сабота) се одржа Општинскиот натпревар по Географија, во организација на Здружението на Професори по Географија на Македонија – ЗПГМ „Проф. Др. Љубе Миленковски“, Скопје.
Учениците од ООУ „Васил Главинов“ – Велес постигнаа одлични резултати и обезбедија учество на регионалниот натпревар!
VII одделение:
Исидора Николовска – II место
Ања Бабуновска – II место
Ментор: Никола Божиков
VIII одделение:
Христијан Илиевски – Пофалница
Давид Гичев – Пофалница
Ментор: Ленче Петрушевска
IX одделение:
Марија Стефановска – I место
Сара Ќимова – I место
Ментор: Никола Божиков
Резултати од општинскиот натпревар по природни науки




Резултати од општинскиот натпревар по хемија!



Резултати од општинскиот натпревар по биологија!




Општински натпревар по физика
️На ден 07.02.2025год. (петок) нашето училиште беше домаќин на општинскиот натпревар по физика. Според конечните резултати кои што се објавени на официјалната страна на ДФРМ, на регионалниот натпревар по физика од ООУ „Васил Главинов“ се пласираа следните ученици:
1. Алина Амедова
2. Изабела Димков
3. Даниела Теова
4. Мила Симоновска
5. Талиа Павловска
6. Кристина Штериовска
7. Ива Тодоровска
8. Вања Крстовска
9.Андреј Ангелевски
10.Меланија Страхилова
Ментор: Јасмина Колева
Наведените ученици продолжуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 05.04.2025 год. Честитки до сите ученици кои го претставуваа нашето училиште.



Денес, учениците од 4. одделение од нашето училиште имаа можност да проследат презентација од A1 , операторот на мобилни услуги, за безбедно користење на интернетот . Учиме како да бидеме безбедни онлајн!


Дел од наставниот кадар од одделенска и предметна настава во нашето училиште присуствуваше на обука на тема „Вовед во eTwinning платформата и употреба на дигитални алатки“.
Наставниците се запознаа со придобивките од учеството во eTwinning проекти и добија презентација на иновативни дигитални алатки за настава, како Canva, Padlet, StoryJumper, Wordwall и многу други.
Обуката ја одржа Емилија Стојановска, професор по англиски јазик и eTwinning амбасадор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Подготвени сме за нови предизвици во наставата!
„Вовед во eTwinning платформата и употреба на дигитални алатки“.


НАГРАДИ ЗА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ
По повод патрониот празник на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше распишан литературен конкурс на тема „Моќта на книгата“, на кој беа наградени нашите талентирани ученици:
Категорија: Поезија (6-9 одд.)
Прво место: Симона Миланова (7 одд.)
Второ место: Ана Јовановска (7 одд.)
под менторство на наставничката Бојанка Џипунова Ташова.
Категорија: Проза (6-9 одд.)
Второ место: Мартина Крстевска (9 одд.)
под менторство на наставничката Каролина Попова.
Честитки за успехот и наградите! Продолжете да ја негувате љубовта кон пишаниот збор!
Литературен конкурс


Горди сме на нашата ученичка Даниела Теова!
На распишаниот конкурс „Во чест на просветителот Свети Климент Охридски“ , организиран од Сојузот на просветните работници на Република Македонија по повод 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, нашата ученичка Даниела Теова (IX-4), под менторство на наставничката по македонски јазик Каролина Попова, го освои ПРВОТО место на државно ниво во категоријата VI-IX одделение!
Во категорија од III до V одделение, ученикот Манче Петровски од V-2 одд. освои прва награда!
Честитки за големиот успех!



Се гордееме со реализираните активности од планот за обновување и адаптација во нашето училиште за 2024 година!
Реконструкција и реновирање на спортската сала , со адаптирани соблекувални и изградени нови тоалети .
Нова спортска опрема : голови, столбови за одбојка, кошаркарски табли, гимнастички душеци, атлетски реквизити и многу повеќе!
Комплетно реновирани спортски терени , нова фитнес зона и осветлување .
Нов училишен мебел за 5 училници и 3 кабинети .
Поставени 10 инвертер клими во училници и кабинети.
Нови ламинатни подови во административни простории, 4 училници, 1 кабинет и библиотеката – вкупно 360 м² .
Замена на сите прозорци во сутеренот со ПВЦ и поставување заштитни решетки .
Безбедно, чисто и опремено училиште е наша примарна цел!
Продолжуваме максимално посветено и оваа учебна година!
Реализирани активности од планот за обновување и адаптација во нашето училиште



Општински натпревар по математика
Горди сме на нашите ученици!
На Општинскиот натпревар по математика, нашите талентирани ученици постигнаа одлични резултати и освоија награди!
V одделение:
Сара Тодороска - ВТОРА награда, ментор: Марјана Самарџиева;
Љубчо Стојанов- ТРЕТА награда, ментор: Биљана Димовска Стојкова;
Стефан Трајков-ТРЕТА награда, ментор: Виолета Гемишова;
Огнен Стојнев- ПОФАЛНИЦА, ментор: Лилјана Миланова;
Марио Михајлов- ПОФАЛНИЦА, ментор: Анита Ѓошева;
Мила Јанкуловска - ПОФАЛНИЦА, ментор: Марјана Самарџиева.
VI одделение:
Елена Стојковиќ- ПРВА награда, ментор: Славица Марковска;
Искра Ивановска- ВТОРА награда, ментор: Славица Марковска;
Викторија Кузманова- ТРЕТА награда, ментор: Александра Цветкова;
Бојан Крстев- ПОФАЛНИЦА, ментор: Славица Марковска;
Јана Крстева- ПОФАЛНИЦА, ментор: Славица Марковска;
Ивана Пановска- ПОФАЛНИЦА, ментор: Александра Цветкова.
VII одделение:
Стефан Евтимов- ТРЕТА награда, ментор: Весна Здравковска;
Кире Брашнарски- ПОФАЛНИЦА, ментор: Весна Здравковска;
Борис Давчев- ПОФАЛНИЦА, ментор: Весна Здравковска;
Симона Миланова- ПОФАЛНИЦА, ментор: Весна Здравковска;
Стефанија Пановска- ПОФАЛНИЦА, ментор: Весна Здравковска;
Зоран Петрушевски- ПОФАЛНИЦА, ментор: Весна Здравковска.
VIII одделение:
Горазд Јордановски- ТРЕТА награда, ментор: Кети Тодорова;
Викторија Велковска- ТРЕТА награда, ментор: Александра Цветкова.
Честитки за нивниот труд, посветеност и успех! Благодарност до нивните ментори за поддршката и мотивацијата.
Продолжуваме да ги негуваме знаењето и љубовта кон математиката!


Новогодишен електронски натпревар
Со убави вести ја започнуваме Новата година. Нашите најмали ученици од прво, второ и трето одделение учествуваа на Новогодишниот електронски натпревар по математика и постигнаа значајни резултати:
Прво одделение
Мартин Трајков прва награда
Максим Митровски Димитров прва награда
Костадин Арилон прва награда
Стефан Миланов прва награда
Ментор:Маргарита Евтимова;
Ангел Јовановски прва награда
Ана Ѓошев прва награда
Марија Ѓорѓиевска прва награда
Леон Давчевски прва награда
Ментор: Александра Величкова Зафировска;
Андреј Сутинов прва награда
Бисера Пешевска прва награда
Марија Даскалова прва награда
Дамјан Јанковски прва награда
Ментор: Паулина Ставрева;
Лана Таневска прва награда;
Ментори: Паулина Ставрева и Сања Јорданова-Николова
Давор Темелковски прва награда
Михаела Ангелова втора награда
Ангелче Зафировски трета награда
Ментор: Славица Левкова
Второ одделение
Петар Коцевски прва награда
Давид Раков прва награда
Теодор Темелковски втора награда
Ментор: Далиборка Тосева;
Оливер Тодоров втора награда
Ангела Ефтовска втора награда
Теодора Стојкова трета награда
Димитар Бошков трета награда
Ментори: Емилија Несторова и Викторија Лазова;
Марио Ѓелев прва награда
Натан Иванов пофалница
Ментор: Елена Клемова;
Трето одделение
Ана Михајловска прва награда
Никола Илковски трета награда
Ментор: Тања Зарева
Антон Неделковски прва награда
Ментор: Даниела Папазова Бабуновска;
Благоја Димитров Митровски - прва награда
Марко Димовски - втора награда
Ментор: Христина Арилон;
Андреј Тембелевски втора награда
Ментор: Катерина Ѓорѓиева
Честитки за нашите најмали математичари!
И повторно оваа година.
Нека постане традиција.
Учениците, наставничката Славица Левкова и родителите од I-2. организираа новогодишна работилница. Подароци наменети за сиропиталиштето и училиштето кое се наоѓаат во Кагома, централна Уганда. Нека нашата среќа постане и нивна среќа
Новогодишна работилница


По повод патрониот празник на СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин" нашите ученици учествуваа на спортските активности организирани во Зумба со QR кодови и одбојка, под менторатно на наставниците Весна Николова и Жарко Климкаров.
,,Куќа цел свет братски ми е, братски срце што отвора“ беше темата на литературниот и ликовниот конкурс распишан од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ по повод Денот на училиштето.
На ден 20.12.2024 во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беа доделени награди и на ученици од нашето училиште.
Наградени поетски творби:
Втора награда за Ива Илиев VIII-4 oдд. - ментор Трајанка Стумбова;
Трета награда за Матеа Јовановска VII-1 одд. - ментор Бојанка Џипунова Ташова;
Трета награда за Стефани Штипјанова - ментор Елена Гуновска.
На ликовниот конкурс се наградени следниве ученици:
Прва награда за Даниела Теова IX одд. - ментор Снежана Стефановска;
Втора награда за Ива Илиев VIII одд. - ментор Снежана Стефановска.




Учениците спортисти од ООУ ,,Васил Главинов" од спортската секција, заедно со наставник Весна Николова беа дел од денешната панел дискусија насловена ,,Да зборуваме за спортското здравје", каде се говореше за спорт, здравје , исхрана и медицински надзор. Овој настан е поддршка за сите девојки спортисти и подршка за женското здравје во организација на здружението RED-S .
„Да зборуваме за спортското здравје“


Денес учениците од 9то одделение, земаа учество на интерактивен квиз ,,Светот преку странските јазици,, организиран по повод патрониот празник на Гимназијата ,, Кочо Рацин". Нашите ученици како и секогаш се покажаа во најдобро светло и го освоија првото место!
Одговорни наставници:
Трајче Новаков
Александра Крстовска
„Светот преку странските јазици“


Во чест на патрониот празник на Гимназијата ,,Кочо Рацин", беше организирана интерактивна работилница која на интересен и динамичен начин ги вклучи учениците од деветто одделение. Низ неколку квизови и презентации, учениците имаа можност да се запознаат со фасцинантни факти од областа на математиката, физиката, биологијата, хемијата, географијата и информатиката. Работилницата им овозможи на младите умови не само да ги тестираат своите знаења, туку и да ги прошируваат преку интересни активности.
На покана од ООУ ,,Блаже Конески" по повод нивниот патронен празник, тимот на одбојкарската секција под менторство на наставничката Весна Николова учествуваше на турнир во машка и женска конкуренција. Со пријателски и незаборавни моменти учениците ги покажаа своите одбојкарски вештини.




По повод Патрониот празник на училиштето ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски’’ – Велес, на ден 11.12.2024г. се одржа работилница - Јавно говорење. Работилницата се реализираше во објектот EU House Veles. Темите на кои се говореше се : ,,Социјалните медиуми во модерното живеење“, „Насилството како феномен во секојдневието“ и „Пренос на генерации – пренос на вредности“. Од нашето училиште говореа: Ива Тодорска, Изабела Димков и Мартина Крстевска од 9 то одд. Горди на нивниот настап.
Одговорни наставници: Весна Дончевска и Каролина Попова.


На ден 10.12.2024год. во средното училиште „Коле Неделковски“ се одржа работилница по математика по повод патрониот празник на училиштето. Работилницата беше отворена за учениците од сите основни училишта во општината, кои имаа можност да учествуваат во различни математички активности и да разменат искуства.
Настанот беше одлична прилика за унапредување на математичките вештини и за зајакнување на соработката помеѓу училишта во општината, промовирајќи ја важноста на науката и образованието во локалната заедница.


Денес ученици од нашето училиште присуствуваа на работилница изведена од универзитетските професори Вангелица Гаврилова и Ѓорѓина Кимова.
Работилниците од ваков тип се од исклучителна важност за подигнување на свеста кај младите за емоционалното насилство, кое често е невидливо, но може да има длабоки последици врз нивниот емоционален и психолошки развој.
Ваквите настани, играат клучна улога во создавање на безбедна средина за раст и развој на децата. Со едукација и поддршка, тие се охрабруваат да бидат проактивни и да преземат чекори за заштита на себе и своите врсници.




На ден 5.12.2024г. во организација на Федерација на Училишен Спорт на Македонија, во Валандово се одржаа зонски натпревари во Одбојка. Нашата училишна екипа го освои првото место со две победи. ,,Владо Кантарџиев “ - Гевгелија со ,,Васил Главинов" 0-2 во сетови и ,,Јосип Броз Тито“ - Валандово со ,,Васил Главинов“ 0-2 во сетови. Честитки за нашите девојки кои што продолжуваат понатаму на регионални натпревари.


Нашите срца се дом за секого
Обединети под заедничкото мото ,,Нашите срца се дом за секого", учениците под менторство на нивните наставници преку своите изработки и активности испратија силни пораки за меѓусебно прифаќање, другарство, почитување и емпатија.
Не само ден, туку ,,недела на различностите" одбележана со многубројни активности, панел дискусија, ликовни работилници и спортски игри.
Сето ова е секојдневие во нашето училиште во кое инклузијата нè учи на почитување и емпатија.
Благодарност до сите одделенски и предметни наставници и нивните ученици кои учествуваа во работилниците.



Денес, во нашето училиште се организираше математичка игра по повод 3 Декември- „Меѓународниот ден на лицата со попреченост“ на кој земаа учество ученици од шесто одделение.
Одговорни наставници
Славица Марковска
Александра Цветкова




,,3-Декември-Меѓународен ден на лицата со попреченост”
По повод ,,3-Декември-Меѓународен ден на лицата со попреченост”, во ОУРЦ ,,Маца Овчарова” се одржа XXVIII Меѓународна ликовна работилница на тема ,,Есенски пејзаж”. Од нашето училиште учествуваа учениците Алина Амедова и Анастасија Тодороска од IX 3 одд. и Билјана Николовска VIII-4 одд.
Браво за Билјана Николовска за освоено 1 место


Учество на Државен натпревар во шах во категорија од 6-9 одд. во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија во Ресен, нашите ученици Марко Зафиров VI-4 и Андреј Богдановски VIII-3 постигнаа одлични резултати и достојно не преставија. Во маратонското натпреварување кое започна во 10.30ч, а заврши во 16.30ч, Марко Зафиров освои 7 место од вкупно 164 натпреварувачи. Андреј Богдановски исто така учествуваше меѓу најдобрите. Честитки за постигнатиот успех на нашите ученици Гордост сте ни.
Државен натпревар во шах



Денес во Младинскиот парк во Велес се одржа настан под мотото „Математиката е игра каде поимите се правила, а броеви се играчите“ во кој учество зема и нашето училиште.
Настанот беше организиран од Здружението на математичари – Велес како дел од кампањата „Денови на донирање“ спроведена од Конект – Скопје.
Учениците се натпреваруваа во математичките игри кои беа подготвени од наставниците по математика.
Одговорни наставници
Славица Марковска
Александра Цветкова
Математиката е игра каде поимите се правила, а броевите се играчите




Денес 23.11.2024 год. (сабота) се одржа овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“. Главен организатор беше Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). Други учесници во организацијата се Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Македонско астрономско друштво (МАД) и Скопско астрономско друштво (САД).
Наградени се нашите ученици:
Одделенска настава- Природни науки
Теодора Стојкова- II-6 одд.- ,,Редуцирање, рециклирање и реупотреба на отпадот"- втора награда;
Ангела Ефтовска- II-6 одд. - Загадување на водата и почвата ,,Експлозија во боја"- втора награда;
Дона Марковска- II-6 одд.- ,, Животниот циклус на пеперутката"- втора награда.
Ментори: Емилија Несторова и Викторија Лазова.
Предметна настава- Биологија
Даниела Теова IX-4 одд.- Екокатастрофа: ,,Како до спас на велешкото езеро Младост"- втора награда.
Ментор: Ленче Јаневска.
„Ноември - месец на науката“


Во нашето училиште денес се одржа едукација за борба против болести на зависност. На истата присутни беа учениците од деветто одделение.
На едукацијата учениците можеа да научат за сите последици и негативни влијанија кои ги има употребата на цигарите, алкохолот и дрогата.
Едукативното предавање го изведоа сертифицирани врскички едукатори од Црвен крст на РСМ во организација на Општина Велес.
Врсничка едукација за борба против болести на зависност


На 57те Детски Рацинови Средби нашите ученици со највисоки и најбројни награди.
Прва награда на литературниот конкурс Даниела Теова, ментор Каролина Попова. Пофалница на Теодора Циунова, ментор Елена Гуновска.
На поетската работилница:
,,И јас сум Рацин" пофалница за најуспешна творба доби Ива Бабуновска.
На ликовниот конкурс Прва награда на Ива Илиев и Втора награда на Даниела Теова, ментор Снежана Стефановска.
Прва награда ИКТ за најдобра видео обработка: ,,Мене и душата ми е црвена" од учениците Габриел Андреев, Горазд Нечев и Стефани Штипјанова, ментор Елена Гуновска.
Втора награда и сребрена статуетка за групна ликовно-литературна изработка
II-6 одд.- Емилија Несторова и Викторија Лазова.
Им честитаме на најуспешните
Детски Рацинови Средби



Во рамките на 57 Детски Рацинови средби, наши ученици заедно со наставничката по македонски јазик Трајанка Стумбова, ја посетија Спомен - куќата на Рацин.


Нашето училиште беше дел од активностите по повод одбележувањето на Патрониот празник на ССОУ „Димитрија Чуповски“- Велес.
На квиз натпревар по природни науки, нашиот тим, во состав Вања Крстоска, Ива Тодороска и Андреј Ангелевски покажаа добри резултати.
На конкурсот за изработка на презентација на тема: „Водата - двигател на животот“, нашите ученици ги постигнаа следните резултати:
-Ива Илиев од VIII-4 одделение освои прва награда,
(ментор: Македонка Грков);
-Даниела Теова од IX-4 одделение освои втора награда,
(ментор: Катерина Најдов).
Честитки за учениците и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!
Активности по повод патрониот празник на ССОУ„Димитрија Чуповски“-Велес




На 13.11.2024 година во Општина Велес беа доделени признанија на учениците и менторите за постигнати успеси на државни и меѓународни натпревари за учебната 2023/24 година.
Наградени ученици: Мартин Здравковски, Михаела Андреева, Стефан Бабунски, Искра Ивановска, Даниела Теова, Ивана Пановска,Андреа Ќимова, Анастасија Саздова, Ана Пренџова, Костадин Клемов, Кристијан Димовски, Андреј Бошковски, Димитар Кузманов, Михаил Перчинковски, Ива Илиев, Софија Лазаровска, Ева Левкова, Мила Арсовска, Симона Неделчева и Тодор Сутинов. Нашата наградена ученичка Даниела Теова настапи на оваа свечена манифестација со своја лична поетска творба.
Наградени ментори: Анита Ѓошева, Каролина Попова, Македонка Грков, Методија Бузалковски, Зорица Цветковска, Наталија Спасиќ, Билјана Тодороска, Персида Спасевска, Анита Коцевска и Милан Радевски.
Овие признанија нека бидат мотив и поттик за уште поголеми успеси и резултати. Честитки за нашите наградени ученици и наставници.


Доделени признанија на ученици и ментори
Нашето училиште беше дел од активностите по повод одбележувањето на Патрониот празник на ССОУ „Димитрија Чуповски“- Велес. Целта беше подигање на еколошката свест на младите и реупотреба на материјали. Поради тоа беше организиран натпревар за учениците од деветто одделение од основните и средните училишта на тема „ЗЕЛЕНА мода 2024“. Нашите вредни ученици Огњанова Јулијана IX-6 , Несторовски Стефан IX-6 и Јанушева Ања IX-1 одделение, заедно со нивните ментори Андонова Милка и Грков Македонка изработија креација „IT girl“, со реупотреба на електонски отпад. Е-отпадот во моментов е најбрзо растечка компонента на цврстиот комунален отпад, а тоа се должи на фактот што технолошкиот развој е најголем до сега.
Трето место за нас и големо БРАВО.


Денес во нашето училиште со свечена програма со спортски мотиви ги поздравивме сите наши гости. Одговорни за овој несекојдневен настан беше активот на петто одделение. Новите спортски терени беа преполни со ученици кои ги покажуваа своите вештини.Се надеваме дека токму од ова место ќе излезат идните спортисти кои ќе бидат гордост на училиштето, градот, државата.
Благодарност до Министерството за образование и наука и поддршката од нашата општина!



Започна чествувањето на празникот ,,9ти Ноември" со најмасовно учество на учениците, 235 на број на атлетската трка во организација на А.К Борец и Активот по ФЗО и тандем наставниците.


По повод Месецот на книгата, денес наши гости беа писателите Лила Арсова и Атанас Крлевски од Клуб на писатели ,,Коста Солев Рацин" од Велес. Тие, пред нашите ученици се претставија со свои поетски творби и афоризми. Нивните стихови беа со внимание слушани и со аплаузи наградени од нашите ученици. Зборувавме за инспирацијата за творење и за значењето на книгата. Со лични творби се претставија и нашите ученици од седмо и деветто одделение. Одговорни наставници по македонски јазик Каролина Попова и Бојанка Џипунова Ташова. Им благодариме за прекрасното дружење и ги очекуваме повторно!


November, 2024.
,,Don’t cry because it’s over. Smile because it happened.”—Bright Days by Ludwig Jacobowski
Dear Staff, Students, Parents and Community of Veles,
Some dreams take a long time to materialize but once they do, the reality is more thrilling that the vison. Such has been my journey as a Peace Corps Volunteer. Over the past two years, I have had countless educational, social and culturally enriching interactions with Staff, Students, Parents and Community members of Veles.
Thank you all for everything you did to make my Peace Corps experience in Macedonia fruitful, enjoyable and memorable. I will always remember my time in Veles with affection and gratitude.
Until we meet again, may our fellowship continue to grow and may your hospitality and generosity to me be abundantly rewarded.
United in World Peace and Friendship,
Augustine A. Addai “August”
North Macedonia--2022 to 2024
Ноември, 2024.
,,Не плачи затоа што е завршено. Насмевни се затоа што се случи." —,,Светли Денови’’ од Лудвиг Јакобовски
Драги вработени, ученици, родители и заедницата на Велес,
На некои соништа им треба долго време за да се остварат, но кога ќе се остварат, реалноста е повозбудлива од замислата. Такво беше моето патување во Мировниот корпус. Во текот на изминатите две години, имав многубројни образовни, социјални и културни средби со вработените, учениците, родителите и членовите на локалната заедница на Велес.
Ви благодарам на сите за сè што направивте за моето искуство во Мировниот Корпус во Македонија да биде плодно, пријатно и незаборавно. Секогаш со љубов и благодарност ќе се сеќавам на моето време поминато во Велес.
До некоја наредна средба, нека нашето дружење продолжи да расте и посакувам да Ви биде соодветно возвратено за Вашето гостопримство и великодушност кон мене.
Обединети во знакот на светскиот мир и пријателството,
Августин А. Адаи "Август"
Македонија--2022 до 2024


Голема благодарност до нашите родители Мими Арсовска и Веселинка Станковска кои изминативе денови покажаа ентузијазам и одлична соработка обновувајќи ја бојата на едукативното игралиште во дворот на Објект2 во Превалец. Во интерес на децата и нивните радости!


На 29.10.2024 год. учениците од четврто одделение ја посетија НЛБ екпозитура Велес каде во рамките на наставниот предмет финансиска писменост ни беше овозможено да дознаеме како паметно да управуваме со парите. Голема благодарност до НЛБ експизитура Велес за топлиот прием и професионалност , како и до Пан Промет кој несебично ни овозможи да ја реализираме посетата.


Најуспешно училиште во спроведување инклузија
На 24.10.2024 год. во Општина Прилеп се одржа јавна дебата: ,,Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование" на која нашето училиште го доби признанието НАЈУСПЕШНО УЧИЛИШТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ ИНКЛУЗИЈА.
Овој настан се реализира во рамките на проектот ,,Инклузија на деца со посебни образовни потреби". На настанот беа присутни директорот на училиштето Драги Коцевски, специјалните едукатори Тања Индова и Сања Ѓорѓиевска и наставниците членови на Училишниот инклузивен тим Весна Николова и Катерина Стојкова.


Државен натпревар
На 26.10.2024 во ООУ ,,Ванчо Китанов"- Пехчево, во организација на СЗТКМ - Народна техника на Македонија и Сојузот на клубови на млади техничари и природници, се одржа 61-от Државен натпревар на млади истражувачи, техничари и природници.
Нашата ученичка Ива Тодороска освои Прво место во областа автоматика под менторство на наставничката Билјана Тодороска.


Ученички парламент
Нашите ученици ги избраа своите претставници
Формиран е Ученичкиот парламент при ООУ „Васил Главинов"- Велес и избрано е претседателство во следниот состав:
Претседател- Вања Крстовска од IX - 5 одделение;
Заменик претседател- Снежана Ристовска VIII- 2 одд.
Претставници за Училишен одбор: Викторија Алексовска VIII– 6 и Теодор Алексовски IX - 6 .
Претставници за Наставнички совет: Ања Јанушева IX– 1 и Александар Митев IX - 4 одд. Претставници за Совет на родители: Матеј Темелков IX - 3 и Кристина Штерјовска IX - 4.
За Ученички правобранител е избрана ученичката Ива Тодороска IX - 5.
И оваа учебна година продолжуваме со успешно работење и многу активности.


Еко акција: 16 октомври – Светскиот Ден на храната
Светскиот Ден на храната се одбележува секоја година на 16 октомври. Овој ден има за цел да ја подигне свеста за глобалниот проблем со гладтта и да повика на колективна акција за градење одржлива иднина за храната, луѓето и планетата.
Во нашето училиште овој ден го одбележавме со Еко акција каде најмалите ученици од I-4, I-5 и II-6, со нивните наставнички делеа храна на нивни соученици, наставници, родители и случајни минувачи.
Благодарснот до родителите и до наставничките Паулина Ставрева, Сања Јорданова-Николова, Лиљана Темелкова, Анита Јамалова, Емилија Несторова и Викторија Лазова.
Еко координатори: Македонка Грков и Милка Андонова.


Конкурс на тема: Француска наука
Францускиот институт ги одбра најкреативните плакати на конкурсот на тема: Француска наука. Во првите 15 се и нашите две ученички Мартина Крстевска 9 одд. ментор Каролина Попова и Ива Илиев 8 одд. ментор Нада Најдова, која го освои четвртото место.
Денес во Интернационалното училиште Нова во Скопје им беа доделени наградите. Им честитаме на големиот успех


Волонтерска акција
Денес НЕ Е СВЕТСКИ ДЕН, само еден обичен ден во нашето училиште. Волонтерска акција за да ја разбудиме свеста за почиста околина


Општини посветени на децата
На ден 7.9.2024 година, учениците од нашето училиште:
1. Марија Стефановска;
2. Тамара Димовска;
3. Мила Симоновска;
4. Даниела Теова;
5. Ива Тодороска;
6. Вања Крстовска;
7. Симона Атанасовска и
8. Вера Перчинковска, учествуваа на локалниот панел во рамките на проектот ,,Место за растење: Општини посветени на децата".


Имам право да играм и спортувам
На 08.10 2024 се реализираа спортски активности со порака„ Имам право да играм и спортувам“!
Спортот е нешто многу важно за секој од нас! Тој ни помага да бидеме силни, здрави и весели. Преку спортот, не само што ќе го зајакнете своето тело, туку ќе научите и како да работите во тим, да се дружите и да го почитувате противникот. Драги деца запомнете ! „Движете се, играјте, уживајте во активностите и секогаш давајте го својот најдобар труд. Запомнете, најважно е да се забавувате и да останете активни“!


Светски ден на животните
Животните имаат само една цел – слободно да живеат. Токму поради тоа треба да ги почитуваме, да не им наштетуваме и да не ги повредуваме.
Во нашето училиште, по повод Светскиот ден на животните, учениците од I-4, I-5 и II-6 одделение проследија презентација изработена од ученици од VII-6 и VIII-2 одделение.
Целта на овој ЕКО проект е да кај најмалите се подигне свеста за потребата од подобрување на стандардите за третман и благосостојба на животните низ светот.
ЕКО – координатори: Македонка Грков и Милка Андонова.


Детска недела
Секоја година првата седмица од октомври се слави Недела на детето низ целиот свет. И оваа година првачињата од ООУ ,,Васил Главинов" имаа повеќе активности во знакот на Детската недела. Учеа преку работилници кои се правата и обврските на секое дете ширум светот, имаа спортски активности, меѓусебни активности. Браво за вредните рачиња




Доделување на ДИПЛОМИ на наградените ученици на интерниот литературен конкурс ,,И јас имам права"
БРАВО за огромниот интерес и доставени над четириесет поетски творби.
Честитки за учениците и нивните ментори.


По повод Детската недела, учениците од четврто одделение под менторство на своите наставнички изработија книги за детските права. Браво дечиња


По повод Детската недела - Организацијата на спортски активности „Игри без граници“реализираше спортски активности под раководство на наставникот по ФЗО Александар Табаков во соработка со одделенските наставници од второ ооделение .
Време на реализација 08.10.2024 година вторник.


По повод Детската недела, учениците од трето одделение под менторство на своите наставнички изработија хамер под мото Детските права-Безбеден чекор кон среќно детство. Браво дечиња




Денес во нашето училиште ООУ ,,Васил Главинов" беше одржана свечена приредба под наслов: ,,Во нашиот свет сите сме еднакви" по повод приемот на првачињата во Детската организација, како дел од активностите од ДЕТСКАТА НЕДЕЛА која оваа година беше под мотото ,,Правата на детето-безбеден чекор кон среќно детство".
Реализатори на прекрасната приредба беше активот на наставници и ученици од петто одделение.
Со весели и насмеани лица, првачињата дадоа заклетва и станаа дел од големото семејство на ученици.


Ученици од деветто одделение дебатираа на тема : ,,И јас имам права".
Дете - секој бил, сме и ќе бидат. Имаме права- обврски но и апел: ,,Дајте ни го најдоброто од Вас за со добро да возвратиме".
Реализатори: Весна Дончевска и Каролина Попова.


Ученици од седмо и деветто одделение учествуваа на литературна и ликовна работилница на тема : ,,И јас имам права". Тие презентираа дел од детските права од Конвенцијата кои беа инспирација за нивните цртежи. Одговорни наставници: Снежана Стефановска и Каролина Попова.


„Инклузија на деца со посебни образовни потреби“
На ден 2.10.2024 во рамките на проектот ,,Инклузија на деца со посебни образовни потреби" се реализираа спортско инклузивни игри со ученици од нашето учулиште. Целта на настанот беше подобрување на инклузивната клима и развивање на свеста за прифаќање на различностите. Голема благодарност до сите учесници во настанот.
Координатори на проектот: Тања Индова и Сања Ѓорѓиевска.
Одговорни наставници:
Весна Николова и Ангел Љутков.


Spelling bee
Забава, возбуда, солзи и среќа кај нашите ученици за време на натпреварот ,,Spelling Bee'' организиран од страна на волонтерот во училиштето Агустин Адаи.


Европскиот ден на јазиците
Одбележан 26 септември, европскиот ден на јазиците.
Учениците членови на германската секција, денес учествуваа на настан во организација на локалната библиотека ,,Гоце Делчев", на кој читаа делови од детскиот роман ,,Хајди" од Јохана Шпири на германски јазик.


Општински натпревари по одбојка
На ден 25.9.2024год. во организација на Федерација на Училишен Спорт на Македонија се организираа општински натпревари во Одбојка во Општина Велес. Учество земаа училишните екипи на : ООУ ,,Васил Главинов", ООУ ,,Блаже Конески“ и ООУ ,,Кирил и Методиј".
Првото место го освои екипата на ООУ ,,Васил Главинов“.
Честитки за сите учесници и добрата игра.


еТвининг платформа
Четири првенчиња на еТвининг платформата и четири награди- Национални ознаки за квалитет.
II-6 одд. и наставничката Емилија Несторова наградени со National Quality label за следните проекти:
Quality label за следните проекти:
- Unlimited fun- brisk competition;
- Coding with Morse code;
- Let's make art;
- Learning by having fun.
Две првенчиња и две награди- Национални ознаки за квалитет (National Quality label) за наставничката Мирјана Танчева и V-6 одд. за проектите:
-Let's make art и
-Learning by having fun.
Благодариме за ангажирањето на нашите ученици и соработката со нивните родители.




