top of page

Орган на раководење во училиштето е Училишниот одбор. Составот, надлежностите и задачите на училишниот одбор се определени со Законот за основно образование и Статутот на училиштето.
Училишниот одбор е одлучувачко тело одговорно за управување со училиштето. Улогата на Училишниот одбор во училиштето е да ги покрива следните области:
-
визија и развој на училиштето,
-
избор на клучен персонал,
-
надзор врз раководството,
-
финансиски надзор,
-
прибирање средства,
-
подршка на проекти,
-
следење на квалитетот на оценување,
-
следење на благосостојбата на учениците,
-
подготвување на извештаи
Училишниот одбор во соработка со директорот на училиштето и училишните тимови постојано поттикнува активности кои ќе обезбедат квалитет во работењето.
Планот за работа на Училишниот одбор се темели на евалвациајта на резултатите од мината учебна година, а опфаќа:
♦ Редовни седници:
- донесување на Годишна програма (предлог),
- предлагање извештаи,
- предлагање финансови планови,
- предлагање годишна сметка,
- организирање на попис.
♦ Подршка за професионален развој на наставниците
♦ Подршка на менаџерскиот тим во сите области на функционирање на училиштето
♦ Учество во утврдувањето на развојните цели и стратегии на училиштето и избор на приоритети
♦ Грижа за имплементацијата на Годишната програма за работа на училиштето
♦ Следење на оценувањето на учениците
♦ Подршка во обезбедувањето на подобри услови за работа и подобра училишна клима и култура
♦ Учество во донесување на планот за самоевалуација
♦ Унапредување на соработрката со Советот на родители

bottom of page